strumica denes logo

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска е Св. Варвара, сварете пченка за богат род и благосостојба!

Автор:

Датум:

декември 17, 2022

Автор:

Датум:

декември 17, 2022

Еден од поголемите празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот на светата великомаченичка Варвара. Обично се празнува со домашни служби, се вари пченка – за да се завари, да се затече жито во полето и во амбарите.

Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот култ кај нас.

Житието сведочи дека света Варвара се роди во Хелиопол за време на царувањето на Максимијан. Татко и’ беше паганин. Се викаше Диоскор и беше многу богат човек. Варвара израсна во осама, во богатите дворови на татко ѝ. Нејзината мисловност и помогна да го познае Бога преку величината и совршеноста на созданието. Подоцна се крсти. Кога татко ѝ дозна за тоа, ја предаде на властите. Света Варвара претрпе големи измачувања заради Христа и најпосле ја погуби нејзиниот безумен татко.

Нејзините мошти се наоѓаат во Киев, а светото предание сведочи дека таа повеќе пати се јавувала некогаш сама некогаш со пресвета Богородица. Денес Црквата го слави и свети Јован Дамаскин. Живееше во осмиот век. Со голема ревност и длабочина на мислата го бранеше Православието и почитувањето на иконите од иконоборците.