Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
За мене зборот е збор.
Сите се важни и така и ќе остане.
Заедно ќе ја развиваме Струмица, така и ќе биде.
Во периодот на подготовка на Буџетот за 2023 година, го слушам секој глас за нов проект и подобра иднина за сите.
Вечерва со жените од Дабиле, Муртино и Сачево разговаравме на повеќе теми од кои дефиниравме нивни приоритети за новата буџетска година.
Се гордеам со моите струмичанки и им благодарам за придонесот во новата верзија на Струмица!