Синоќа во „Антон Панов“ во Струмица со претставата „Паника во хотел Палас“, струмичкиот актер Бранко Бенинов замина во пензија. Бенинов е роден во Струмица на 9 септември во 1958 година и одигра значајни улоги во повеќе познати македонски филмови и претстави. Познат е по улогите во „Сенки“, „До балчак“, „Прашина“, „Среќна нова 1903“, „Болка на душата“ и многу други.
Присутните во салата со громогласен аплауз го испратија Бранко Бенинов во пензија.