Во ЈЗУ Општа болница Струмица за првпат беше направена лапароскопска ресекција на дебело црево од страна на Др.Тони Балџиев – абдоминален хирург.
Станува збор за лапароскопска десна хемиколектомија-отстранета десната половина не дебело црево кај пациентка на 48 годишна возраст. Лапароскопијата е современ метод за дијагностика и лекување , миниинвазивна хирушка интервенција преку која се визуелизираат органите во абдоминалната празнина.
Предностите во однос на отворената(класична) абдоминална операција се: помала хирушка траума и крвозагуба,помал цикатрикс( белег), помала болка кај пациентите, побрзо постоперативно закрепнување и помала стапка на инфекција на раната.
Во ЈЗУ Општа болница Струмица тимот на абдоминални и општи хирурзи работи лапароскопски хирушки интервенции – лапароскопска холецистектомија и апендектомија.
Последните 2 години тимот на абдоминални хирурзи во нашата болница работи хирушки третмани – операции на пациенти со малигни заболувања( карциноми) на дигестивниот тракт, кои предходно беа препраќани на Клиника во Скопје. Благодарност до хирушкиот тим, но и до целиот персонал во хирушка сала( доктори анестезиолози, сестри- инструментарки и анестетичари, болничари) за целокупниот ангажман во работата на оперативниот програм во нашата болница.