Ристо Манчев, градоначалник на општина Босилово:
На мое лично задоволство, но и на задоволство на граѓаните на општина Босилово, денес потпишавме договор со министерот за дијаспора, г.дин Џемаил Чупи за отварање на канцеларија за дијаспора во Босилово.
Многу често нашите граѓани кои живеат и работат надвор од државата имаат потреба од документи, информации и насоки како да си ги остварат своите права во Македонија.
Канцеларијата за дијаспора ќе има посредничка улога и ќе им помага на граѓаните во реализација на нивните барања и потреби во Македонија.
Покрај тоа, канцеларијата за дијаспора има за цел да ја зајакне врската на општината со нашите граѓани и нивните здруженија низ целиот свет во насока на унапредување на комуникацијата, зголемување на нивните активности и остварување на нивните права и можности во дијаспората, но и во насока на зголемена соработка, инвестиции и поддршка од дијаспората за локалната самоуправа.
Дијаспората е составен и нераскинлив дел од нашиот народ и од нашето општество.