Вработени во Македонска пошта во Струмица, денеска излегоа на предупредувачки протест. Како што велат тие за Струмица Денес, имале неисплатена плата и лоши услови за работа.
„Протестот е предупредувачки. Имаме неисплатена плата и лоши услови за работа. Финансиската ситуација во компанијата е лоша и опстојувањето на самата пошта како државна институција е во знак прашалник“ – велат вработените.
Доколу денешниот протест не вроди со плод, вработените изјавија дека следува генерален штрајк во иднина.