strumica denes logo

ЕДНО ЛИЦЕ ОД СЕЛО БАНИЦА, СО „ФИАТ ДУКАТО“ ВРШЕЛО ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ БЕЗ ДА ПОСЕДУВА ДОЗВОЛА ЗА ТОА!

Автор:

Датум:

октомври 8, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

октомври 8, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

На 05.10.2022, при контрола над товарно возило „фиат дукато“, со струмички регистарски ознаки, полициски службеници од СВР Струмица констатирале дека возачот В.К.(29) од село Баница, струмичко, врши превоз на патници без да поседува дозвола за тоа. Истиот ден, и полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш, при преземање на мерки утврдиле дека М.Ј.(64) во патничко возило „опел“, со радовишки регистарски ознаки, превезувал патници без да поседува соодветна лиценца. По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.