Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов, пред малку на социјалните мрежи сподели дека денеска е започната реконструкцијата на атмосферската канализација на дел од улица „Младинска“.
„Почнуваме со реконструкцијата на атмосферската канализација на дел од улица Младинска. Зборот е збор!“ – објави Костадинов.