Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов по покана од амбасадата на САД и Американската администрација, ќе учествува на регионалната конференција на тема “Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“ којашто утре и задутре ќе се одржи во Тирана, Албанија.
„Фокусот ќе биде ставен на паметните градови и нивната улога во иднината, како и трансформацијата на паметните градови преку зелени решенија. Струмица е една од Општините која во континуитет работи на различни програми и модели кои третираат вакви практики и ќе ја имам честа да ги споделам на оваа прва од ваков вид конференција која на едно место ги обединува лидерите на општините и водечките глобални технолошки компании од Западен Балкан.“ – објави Костадинов.