ПЕТ ФАКТИ ЗА СЕЛО КОЛЕШИНО – НАЈПОЗНАТОТО СЕЛО ПО РАЗЛИЧНИ ВЕРСКИ ОРИЕНТАЦИИ И ГОЛЕМ БРОЈ УБАВИНИ!

септември 16, 2022

Сместено во југоисточните падини на Македонија, на само 19 километри од Струмица, се наоѓа селото Колешино. Првата асоцијација за него е жуборењето на живописниот Колешински водопад, a помалку познати факти за ова село во склоп на о. Ново Село ќе дознаете во продолжение:

1.Колешинскиот водопад се наоѓа на реката Баба и е висок 19,5 метри.

2. Постојат две легенди за името на селото

Според првата селото своето име го добило по Беласичката битка од 1014 година помеѓу силите на Цар Самуил и византискиот цар Василиј II, кога во страшен колеж загинале голем број македонски војници. Во чест на тоа, среде село е поставена табла со легендата за настанокот на името Колешино. Втората легенда е дека името е добиено по овчарот Коле, кој прв се доселил на местото каде денес се наоѓа селото. Имено, луѓето кога поминувале покрај бачилото на Коле викале: „Ова е Колешино“ (бачилото на Коле).

3. Кањонот на реката Баба има долга историја

Според кажувањата на постарите жители на ова место, кањонот на реката Баба е познат по случка од минатото, кога 16 калуѓери соочени со опасноста да бидат фатени од непријателот, ставиле марамчиња на очите и се фрлиле во бездната.

4. Селото е познато по различните верски ориентации

Селото има цркви на четири различни вероисповеди: православната црква „Св. Спас“ (посетена од 160 семејства); евангелско-методистичка (60 семејства); адвентистичка (15 семејства) и црква на Јеховините сведоци (10 семејства).

5. Селото може да се пофали со неколку познати личности

Видое Подгорец (1934 – 1997) е роден во колешино. Во селото се наоѓа основно училиште кое го носи неговото име. Училиштето во 2010 година било реновирано и се создале услови за следење на настава во него. Вилма Трајковска – првата дама на Македонија, сопругата на претседателот Борис Трајковски е исто така со потекло од селото.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ