Ристо Манчев, градоначалник на општина Босилово:
Палењето и горењето на депонијата во Босилово е долгогодишен и сериозен проблем за граѓаните на Босилово.
И покрај сите напори и оваа година, во периодот од 01 Јули до 04 Август, имавме проблеми со горењето на депонијата.
Со цел решавање на проблемот, во изминатиот период во соработка со ЛАГ Беласица – Огражден се пристапи кон:
– Целосно оградување на депонијата
– Поставување на соларни камери
– Порта
– Чуварница
– Засадување на зимзелени дрвца кои ќе имаат естетско и практично значење
– Редовно одржување и чистење.
Во наредниот период ќе бидат преземени и други мерки, а во план е и нејзино затварање во летните месеци следната година, односно воведување на систем на контролирано фрлање на отпадот исклучиво за граѓаните од населено место Босилово.