Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Јас како градоначалник и општина Струмица сме големи поддржувачи и пријатели на спортските клубови, но за мене лично е најважна и стабилноста и напредокот на клубовите од нашата Општина.
На работната средба со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, разговаравме за актуелната состојба во функционирањето на клубовите, нивниот потенцијал (инфраструктурен и кадровски) и се разбира, можноста за напредок на фудбалските клубови од регионот.
Претседателот на ФФМ ја искажа решителноста на федерацијата за придонес кон подобрување на фудбалската клима преку зголемување на квалитетот во сите Општински фудбалски Сојузи.
А јас ќе направам се, Струмица да има стабилни и јаки клубови за квалитетен фудбал.
Од срце за фудбалска Струмица.