strumica denes logo

ЕМАНУЕЛ МАКРОН: Најдовме решение за спорот помеѓу Македонија и Бугарија!

Автор:

Датум:

јуни 30, 2022

Автор:

Датум:

јуни 30, 2022

Претседателот на Франција Емануел Макрон на прес-конференција во Мадрид, на Самитот на НАТО изјави дека е уверен оти е најден добар договор помеѓу Скопје и Софија.

– За прашањето на пристапувањето на Македонија ги продолживме нашите консултации со македонските и бугарските власти затоа што нашата заложба за европската перспектива на Западниот Балкан е да можеме да ги отвориме првите поглавја за Македонија и Албанија. Врз основа на овие консултации, уверен сум дека најдовме компромисно решение кое одговара на сензибилитетот на секој. Во интерес на Бугарија и на Македонија, прифатлив за сите, изјави Макрон.

Тој изрази надеж дека „разгледувањето од двете страни во следните денови ќе го потврди ова“.

– Од сега премиерот и претседателот на Бугарија потврдија дека го прифаќаат предлогот. Прифаќањето ќе бара консултации во Скопје. Ова решение носи безбедност, предвидливост и сигурност за надминување на споровите наследени од минатото, потенцира Макрон.