Средношколецот Никола Спировски го освои првиот златен медал за Македонија на 39-та Балканска математичка олимпијада (БМО) која се одржа во Аргос, Кипар. Македонската репрезентација составена од средношколците: Никола Спировски, Алексиј Тасиќ, Јасна Илиева, Јан Стојановски, Блаже Суклевски како и основецот Дамјан Давков го постигна најдобриот екипен резултат досега.
За постигнатиот успех од името на Град Скопје им беа доделени пофалници и награди на сите учесници со надеж дека и во иднина ќе нѐ радуваат со позитивни резултати и ќе претставуваат поттик и мотивација за идните генерации.