strumica denes logo

Законско ли е подигнувањето на спомен кулата на УЧК во Слупчане?

Автор:

Датум:

мај 3, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

мај 3, 2022

Категории:

Струмица

Изградбата на меморијален споменик е регулирано со закон и одлуката за поставување на споменик ја носи Собранието. Со подигнување на спомен култата во чест на жртвите на ОНА која свечено ќе биде пуштена утре е прекршен законот за меморијални споменици и спомен обележја, велат експерти од областа на заштитата на културното наследство.

Собранието според нив требало да донесе пет годишна програма за прославување на познати личности и настани што не е случај со споменикот изграден во чест на жртвите на ОНА како што е именуван. Во надлежност на локалната власт може да биде поставување на спомен обележје, кое во пракса е нешто помало, симболично и е од локално значење.

Законот е донесен пред околу 20 години но оттогаш до денес ниту еднаш не е испочитувана процедурата за поставување на споменици. Доколку значењето на споменикот е од национално, државно значење и се однесува на важни настани и личности, според уставот, државата е таа која треба да го уреди поставувањето.

Од министерството за култура се оградија.

„Во овој случај се постапува според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, за што се надлежни Собранието на РСМ или единиците за локална самоуправа. Министерството за култура во ниту еден сегмент не учествува во подигање на современи споменици и спомен обележја. “

Па според ова, се извлекува заклучок дека споменикот во Слупчане е од локално значење иако за откривањето на спомен кулата во висина од околу 20 метри е организиран свечен настан на кој ќе присуствуваат голем број функционери од власта. Овој споменик чини околу 200 000 евра. Датумот 2 мај партијата ДУИ го слави како ден на бранителите а оваа година на истиот ден се празнува и Рамазан Бајрам.