strumica denes logo

Николовски: Без паника, зејтин ќе има, контактираме со Србија

Автор:

Датум:

април 12, 2022

Автор:

Датум:

април 12, 2022

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски очекува Србија да ја крене „рампата“ и за маслото.

„Во постојана комуникација сме со Србија. Очекуваме да ја крене „рампата“. Тука сме да помогнеме за се што треба. Да престанат лажните вести и неодговорното однесување, зашто кризата не погаѓа селективно – едни земјоделци да, а други не. Доста со поделби, етикетирања, навреди и омраза. Ова а време кога треба да им се помогне на сите граѓани, а ние тоа максимално го правиме. Седум пати заседава оваа Потсекторска група, сега се на ред земјоделците. Паника не треба да има зашто државата ќе има доволно леб, брашно, јајца и масло, истакна Николовски.

На Потсекторската група, додаде, станало збор и за тргањето на забраната за извоз на српското жито.

-Наша единствена цел е тргање на забраната за сите компании, за сите склучени договори… Утре заминуваме во Турција, на разговори за обезбедување вештачко ѓубриво иако во моментов има залихи, информираше министерот.

Според проекциите, до крајот на годинава се очекува Интервентниот фонд засега тежок 400 милиони денари, да достигне 600 милиони денари, вклучувајќи ги и мерките за претстојната есенска седиба.