Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
На вториот ден од пролетта во Струмица го отворивме првиот зелен лавиринт, најголем во државата.
Лавиринтот е долг 190 метри на површина од 625 метри квадратни.
Идејата е на децата, поддржана од мене, како градоначалник, а реализирана од ЈПКД „Комуналец“.
Испраќаме силна порака: за чиста Струмица ни треба висока еколошка свест и многу работа.
Од срце за поубава и почиста Струмица.