strumica denes logo

ВО НЕДЕЛА ПОВТОРНО ПРОТЕСТ: JA ШТИТАМ БЕЛАСИЦА, СТОП ЗА СЕЧЕЊЕТО НА ДРВЈАТА!

Автор:

Датум:

март 17, 2022

Автор:

Датум:

март 17, 2022

Фејсбук статус на здружението „Ја штитам Беласица“ :

Денес имавме соочување со претставници на ЈП ,,Национални Шуми” кое беше во доста тензична атмосфера поради гангстерското однесување на нивните претставници со навреди и закани за тужби од нивна страна.

Од дискусијата која се одвиваше сакаме да издвоиме неколку детали, односно одговори на прашања кои им беа поставени на претставниците:

🌲Дали има предвидено голосек на бука во Беласица ?

⚠️Може има план да се сече голосек, се е по закон.

🌲Дали е вистина или шпекулација дека огревно дрво се извезува надвор од општините под Беласица ?

⚠️Има извезено над 2000 кубици огревно дрво надвор од нашите општини во последните неколку години.

🌲Дали е дозволено физичко лице без тендер да врши трговија со огревно дрво ?

⚠️Не е дозволено. Но ги толерираме тие што го прават тоа.

Бевме наречени шеткачи низ Беласица од страна на претставниците на ЈП ,,Национални Шуми”, не другари ние се бориме за нашата вода и заштита на нашите домови. Денес ни беше даден мотив од однесувањето на пристутните за радикализирање на борбата за Беласица.

Затоа ви најавуваме протест во недела од 14ч во с.Колешино кај раскрсницата кај булеварот (железарата), се гледаме на блокадите.