strumica denes logo

(ВИДЕО) ПУТИН ВО ВОНРЕДНОТО ОБРАЌАЊЕ ЈА СПОМНА И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Автор:

Датум:

февруари 21, 2022

Автор:

Датум:

февруари 21, 2022

Рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето ја нарече ситуацијата во источна Украина „критична“, откако изјави дека ја прифатил одлуката на руската Дума за признавање на сепаратистичките региони на истокот на Украина.

„Денешна Украина може да го носи името на Владимир Илич Ленин, тој ја создаде“, рече Путин во ТВ-обраќањето.

„Украина е геополитичка фикција создадена од Сталин во 1920-тите. Таа земја беше оштетена од распадот на СССР“, додаде тој.

„Украинските олигарси не се грижат за народот, тие им служат на геополитичките интереси на Западот“, рече Путин, додавајќи дека „Украина не успеа да развие стабилна државност“.

„Украина е сведена на статус на колонија со која владее марионетски режим“, рече Путин.

Путин ги нарече „Пуч“ настаните од 2014 година, кога Украинците го соборија прорускиот претседател.

„Сакам да го истакнам ова, украинските власти уште од првите чекори почнаа со негирање на сето она што стана основа на нејзината државност. Со негирање на се` што не обединуваше, тие се обидуваа да ја променат свеста на граѓаните, историската меморија на милиони луѓе, цели генерации кои живеат во Украина“, рече тој.

Зборувајќи за долгот што го имаше Советскиот Сојуз, Путин рече дека Русија сама го отплатила целиот долг, вклучително и украинскиот, иако е договорено сите републики да придонесат за отплата на долгот сразмерно на нивниот економски потенцијал.

Путин во обраќањето ја спомена и Македонија , која заедно со Црна Гора неодамна стана членка на НАТО и со тоа Алијансата се приближува кон границата со Русија.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин им кажа на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц дека има на ум наскоро да потпише указ за Донбас, соопшти Кремљ.

Владимир Путин претходно ги информирал претседателот на Франција и канцеларот на Германија за резултатите од седницата на Советот за безбедност на Руската Федерација.На седницата се разговараше за актуелната ситуација во Донбас во контекст на барањето на Думата за признавање и дека во врска со воената агресија на украинските власти и операцијата за гранатирање, што доведе до страдање на цивилното население, таа апелираше тие да бидат признати како суверени“, се вели во соопштението на Кремљ.

Според Кремљ, Макрон и Шолц „го изразиле своето разочарување од ваквиот развој на настаните. Во исто време, тие изразиле подготвеност да продолжат со разговорите“.

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва свика итна седница на Советот за одбрана, соопшти Елисејската палата.