Доставени се предлог-измени на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, кои се во собраниска процедура, соопшти денеска МВР.
Прашања кои се предмет на предлог-законите се интегритет на работниците во Министерството, деполитизација на МВР, односно на вработените, предвидување на квалитативно нови услови за избор на директор на БЈБ, оперативна независност на полицијата, реформска измена во делот на дисциплинската постапка за вработените во Министерството и воведување децидна обврска за пријавување имот/интереси.
– Во однос на интегритетот на работниците во Министерството, за првпат, со законско решение се предлага уредување на ова прашање за кандидатите за вработување во МВР, како и за сите вработени во Министерството. Како нов услов за засновање на работен однос е предложено кандидатот да има положено Тест за интегритет.
За постојните работници, пак, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот, преку спроведување тест за професионален интегритет, појаснуваат од МВР.
Тој тест, дополнуваат, ќе се врши континуирано за времетраење на работниот однос на работникот. Резултатот од Тестот може да биде и индикатор за поведување на предистражна постапка. Резултатот може да биде позитивен или негативен. Негативниот резултат е предвиден како потежок случај за дисциплинска одговорност и основ за поведување на дисциплинска постапка.
– Со предложената измена на законот се забранува работник на Министерството да членува во политичка партија, што досега не беше случај. Постапувањето на работникот спротивно на оваа забрана е предвидено како потежок случај за дисциплинска одговорност и основ за поведување на дисциплинска постапка, се вели во соопштението.
Со цел да се гарантира и во целост да се обезбеди оперативна независност на полицијата, посочуваат од МВР, се предлага законско решение во кое децидно се пропишува дека исклучиво директорот на Бирото за јавна безбедност дава наредби од областа на оперативното работење.
Со предложените измени на Законот за полиција, додаваат, се предлага воспоставување на строги, објективни и професионални критериуми за именување на директор на полицијата кои одговараат на потребите на таквата позиција. Меѓу наведените услови за првпат како услов е предвидено да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.
– Се предлага суштинско и квалитетно ревидирање на постојниот систем за дисциплинска одговорност на вработените во Министерството, со предвидување на нов организациски облик, кој ќе гарантира, односно ќе обезбеди висок степен на професионалност, специјализираност, објективност и унифицираност во работата и рационално користење и располагање со човечките ресурси во МВР.
На овој начин, со централизиран организациски облик, ќе се овозможи континуирана професионална надградба, преку стручна обука на работниците во новиот организациски облик, насочена кон надградување на знаењата и капацитетите неопходни за анализа и одлучување во случаите на утврдување на дисциплинска одговорност на работниците, се наведува во соопштението.
Согласно предложените измени на Законот за внатрешни работи, посочуваат од МВР, се пропишува децидна обврска за давање Изјава за имотна состојба и интереси. Тоа, појаснуваат, е обврска пропишана за кандидатите при засновање на работен однос, за работниците при промени во имотната состојба, како и при престанокот на работниот однос на секој работник. Предметното прашање е во релација со постојниот закон што ја третира оваа проблематика.
Предложените законски измени следат по детектираните круцијални прашања за кои било оценето дека е потребна нова регулатива, односно измена на постојни законски решенија, со цел надминување на системски недостатоци и проблеми, како и обезбедување на поголема ефикасност во вршењето на законски утврдениот делокруг на надлежности на ова министерство, вклучувајќи ја и полицијата, односно Бирото за јавна безбедност, како орган во состав на Министерството.
Голем дел од предметните прашања се поклопиле, односно се нашле на иста линија и со Препораките содржани во Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема „Спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“.
Некои од новите законски решенија, додаваат од МВР, се реализација на обврските за МВР содржани во Акциониот план по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2020-2024) на Државната комисија за спречување на корупцијата.Доставени се предлог-измени на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, кои се во собраниска процедура, соопшти денеска МВР.

Некои од новите законски решенија, додаваат од МВР, се реализација на обврските за МВР содржани во Акциониот план по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2020-2024) на Државната комисија за спречување на корупцијата.