strumica denes logo

Интересна легенда: Како Свети Никола станал Дедо Мраз?

Автор:

Датум:

декември 21, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 21, 2021

Категории:

Струмица

Деновите до нова година полека ги одбројуваме и едвај чекаме да ги отвориме подароците под елката, но дали ја знаете легендата за настанувањето на ликот на Дедо Мраз?

Ликот на Свети Никола, познат по долгиот црвен капут и белата брада, во многу земји ширум светот послужил како пример за Дедо Мраз, кој во христијанската култура се смета за човек кој разнесува подароци на санка влечена од ирваси.

Легендата за Дедо Мраз потекнува од Свети Никола, кој бил бискуп познат по својата великодушност и љубов кон децата. Една од славните приказни за неговата великодушност кажува дека тој еднаш на еден сиромашен човек му фрлил цела вреќа со богатство, која требала да му послужи како мираз за неговата ќерка, која инаку требала да биде продадена како робинка.

Сиромавиот човек златото го криел во своите чизми, кои се сушеле покрај печката. Затоа денес децата ги оставаат своите чизми покрај врата, за Свети Никола да им даде некаков подарок.

Поврзаноста на Свети Никола и Дедо Мраз е видлива од англиското име кое гласи Santa Claus, а тој не е никој друг туку Saint Nicholas, односно Свети Никола.

Но, во повеќето христијански средина Свети Никола се задржал како делител на подароци низ светот, а тој период од годината е прилика за дружење, подарување и радост.