strumica denes logo

ИутеКредит со најтранспарентна постапка и без скриени трошоци при аплицирање за кредит!

Автор:

Датум:

декември 10, 2021

Категории:

Реклама, Струмица

Автор:

Датум:

декември 10, 2021

Категории:

Реклама, Струмица

ИутеКредит има најтранспарентна постапка за аплицирање за кредит, без скриени трошоци и со најниска каматна стапка. Тоа го потврди истражувањето на магазинот Фактор во кое беше направена „теренска анализа“ за тоа колку чини и како изгледа постапката за подигнување на брз кредит од финансиските друштва во Македонија.

Претставувајќи се како вистински корисник, Фактор позајми по 10.000 денари од 8 финансиски друштва обврзувајќи се да го врати износот за 30 дена (со ден или два рок за толеранција) и дојде до сознание дека трошок во ИутеКредит е само 360 денари, додека одредени финансики друштва наплаќаат и по 10 пати поголеми трошоци за истиот износ.

Освен каматата, одредени финансиски друштва на клиентите им наплаќаат и провизии за одобрување, провизии за администрирање, како и провизии за итна обработка на барањето за кредит кои изнесуваат околу 1.000 денари.

Понатаму, одредени компании на своите клиетни им наплаќаат услуги за советување, договорни казни за продолжување на рокот на отплата, како и договорни казни за гарант.

Кога на крајот сите овие трошоци ќе се соберат, клиентите во одредени финансиски друштва плаќаат вкупен трошок кој изнесува дури 30% од позајмениот износ!

Фактор го оцени и корисничкото искуство на клиентите кои аплицираат за кредит и во овој сегмент ИутеКредит е апсолутен победник, обезбедувајќи целосно функционален калкулатор кој на клиентите им овозможува самостојно да го одредат износот на кредитот и времето на отплата, увид во состојбата на нивниот кредит 24/7 преку мобилната апликација MyIute и можност за отплата на кредитот од каде и да се наоѓаат. Кредитот се исплаќа на IuteCredit Mastercard или на трансакциска сметка на клиентот, а парите може да се подигнат и преку новите бескартични банкомати на ИутеКредит.

На што да внимавате

Познавачите на проблематиката, за Фактор, велат дека при аплицирањето за брзи кредити најважно да се внимава на прегледноста на веб-страницата на финансиското друштво, односно дали сè што е важно е видливо и дали има објаснување за трошоците кои ги плаќате при подигнување на кредитот и дали има некои скриени трошоци кои не се интегрирани во калкулаторот, а подоцна истите тие да се најдат во договорот за кредит.

Такви трошоци може да бидат надоместокот за неисполнување на гаранциите, кои веднаш се активира со договорот, трошокот за брза обработка со кој заемот „го добивате денеска, наместо за една недела“ и се одзема уште од самата исплата, па така наместо да добиете 10.000 денари, на вашата сметка ќе бидат исплатени 9.500, а тука е и провизијата за продолжување на рокот на исплаќање на ратата.