strumica denes logo

ЕКЛЕРОТ Е ЕДЕН ОД НАЈПРОДАВАНИТЕ ДЕСЕРТИ ВО СТРУМИЦА – ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НИВНАТА ИСТОРИЈА!

Автор:

Датум:

октомври 27, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 27, 2021

Категории:

Струмица

Еклерот несомнено е еден од најпродаваните десерти на нашите простори. Разпространет е на сите континенти и низ годините ја има задржано својата препознатлива форма, иако вкусот значително може да варира, во зависност од употребениот фил. Рецептот за тестото долго време бил тајна, а начинот на подготовка им бил познат само на најелитните готвачи. Специјалното тесто се нанесува со помош на шприц во долгнавесна форма и се пече сè додека не придобие одреден степен на крцкавост. Шупливото тесто потоа се лади, па се полни со фил, и на крајот – се прави глазура од чоколадо или карамела.

Во различни делови од светот се подготвува со употреба на различен фил – крем од ванила, кафе, чоколадо или ладна смеса од рум или карамела. Во некои држави попопуларни варијатни се оние со овошје и јаткасти плодови – филови направени од ф’стаци, костени, парчиња кокос или сушено овошје. Независно од разликата во вкусовите, неоспорен е фактот дека еклерите секому му се омилени. Историјата за тоа како настанал рецептот и каде бил направен првиот еклер, проследете ја во продолжение.

Еклерите се гордост на француската кујна и датираат од втората половина на 19 век. Во 1850 -тата година, Антонин Карем, еден од најпознатите француски готвачи, ќе го состави фамозниот рецепт и ќе ги направи првите еклери, по повод роденденска забава. Во тоа време, Антонин Карем важи за еден од најдокажаните во кулинарството. Уживал углед на маестрален шеф во буржуарските кругови и заедно со неговиот тим стоел зад подготовката на храната за сите луксузни коктели и забави организирани од аристократите. Често експириментирал, создавајќи стотици нови мали, слатки задоволства во кујната.

Името на десертот потекнува од француското éclair, коешто во буквален превод означува „со брзина на молњата“, алудирајќи на големата брзина со којашто овој десерт се јаде. Послужавниците со еклери се празнеле најбрзо, побрзо од било што друго поставено на масите.

Карем објавил неколку кулинарски книги, од коишто учеле голем број негови наследници. По истите до ден-денешен се подготвуваат низа деликатеси, коишто остануваат запомнети како негово дело. Во делот за еклерите, тој ќе даде неколку совети за нивната подготовка:

„Тајната на еклерите е во печењето. Не се искушувајте да ја отворите рерната за време на печењето и задолжително оставете ги еклерите да се изладат во малку подотворена рерна, без да ги вадите. Ако вратата од вашата рерна не може да стои подотворена, употребете капаче од тегла. Ако сакате побогат вкус, користете пудинг од ванила за фил. За да добијат блескава златна боја, пред да ги ставите еклерите да се печат, премачкајте ги со малку јајце. Експериментирајте и бидете храбри!“