Направете еден совршен десерт, чоколадни облаци.
СОСТОЈКИ:
140 гр. маргарин
100 гр. шеќер
1 ванилин шеќер
2 јајца
230 гр. брашно
30 гр. пудинг чоколаден во прав
2 лажици какао
2 лажички прашок за пециво
80 гр. јогурт
ПОДГОТОВКА:
Се спремаат сите состојки и се загрева рерната на 180 степени.
Се мати маргаринот со шеќер и се додаваат јајцата, па се става брашното постепено со мешање, па јогурт.
Брашното се меша со сите суви состојки пред да се додаде, односно со ванилин шеќер, пудинг, какао и прашок за пециво.
Се става смесата во шприц и се прават кекси кои се печат 15 минути.
Декорирајте по избор со шеќер во прав или чоколадо.