Граѓани на Струмица до Редакцијата на Струмица Денес:
Почитувана Струмица Денес, веќе неколку години наназад на градските гробишта во Струмица се вршат кражби на клупи, црепови и други предмети, а се оштетуваат и споменици на покојните.
Многупати се апелираше на социјалните мрежи овој проблем да го реши општината, но до денеска ситуацијата е непроменета и затоа преку вашиот портал сакаме уште еднаш да апелираме до градоначалникот на Струмица.
Ние сме убедени дека постојат повеќе начини да се спречи вандализмот.