strumica denes logo

ЧЕСТИТКИ: По завршувањето на натпреварот, Горан Пандев испиша историја: Стана најдобар „екс-ју“ стрелец во Серија А!

Автор:

Датум:

февруари 6, 2021

Категории:

Спорт, Струмица

Автор:

Датум:

февруари 6, 2021

Категории:

Спорт, Струмица

Македонскиот фудбалер Горан Пандев даде два гола за Џенова во дуелот со Наполи (2-0) и испиша историја во калчото кога се говори за играчи од територијата на поранешна Југославија.

Со двата гола во мрежата на „наполитанците“ Пандев дојде до бројката од 87 гола и тој стана најдобар стрелец во калчото од просторите на „екс-ју“.

Во дресот на Џенова, Пандев има 24 гола, за Наполи постигна 19, за Интер даде пет, за Анкона има еден, додека најмногу тресеше мрежи за Лацио – даде вкупно 48 гола.

Истовремено, Пандев е најстариот играч во петте најквалитетни лиги во Европа со по најмалку два гола и две асистенции оваа сезона.