„Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица. Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите“ напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“деновиве повторно е актуелна откако беше откриено дека всушност се работи за повеќе групи. Информациите се дека во групите имало над 6.000 членови кои гледале и коментирале на експлицитни фотографии.
МВР вчера ги повика „жртвите“ во „Јавна соба“ да го пријават случајот.