Епископ Јаков Стобиски:
„Дојдете сите вие што велите дека сте Христови, а сакате да владеете над луѓето, и видете Го Христос, Кој доаѓа смирено како слуга, бидејќи не дојде да господари над нас, туку да послужи за нашето спасение. Дојдете сите, кои дрско ја наметнувате својата „вистина“ и ја повредувате слободата на ближниот, и видете го раѓањето на апсолутната Вистина, безгласно, безболно и нечујно во темна пештера. Ве преколнувам дојдете, браќа и сестри, излезете од вашите топли домови и богати семејни вечери, налик на витлеемските – таму не е Богомладенецот Христос, и тоа не е христијанство. Тој седи гладен и премрзнат со оние што собираат картон и пластичен отпад за да се стоплат.“