Tелевизија 24 екслузивно дознава дека вечерва мобилната екипа на царинската управа направила голема акција за заплена на дрога во струмичко Ново Село.
Според неофицијални извори од Царинската управа, запленета е поголема количина на дрога марихуана.
Според информациите се работи за огромна заплена сместена во цел камион.
Повеќе официјални информации за акцијата се очекуваат во текот на утрeшниот ден.
ИЗВОР: ТВ 24