strumica denes logo

ЈАНЕ КИРОВ: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ – ОД РАНКОВИЧИЗАМ ДО ЗАХАРИЕВИЗАМ!

Автор:

Датум:

ноември 16, 2020

Категории:

Култура, Струмица

Автор:

Датум:

ноември 16, 2020

Категории:

Култура, Струмица

Јане Киров, студент по Историја и уредник во портал Струмица Денес:

Захариева не ја познава доволно Македонската современа историја, тоа е очекувано. Го напаѓа Јосип Броз кој несомнено е комунистички диктатор! Нема сомневање и дека одреден број на луѓе макар и интелектуалци и видни луѓе биле под притисок за да не ја форсираат бугарската припадност. Никој не ги негира ниту ликвидациите по Втората Светска Војна…

Македонците се чувствуваат како Македонци и тие имаат голем сојузник во Тито кој преговара со Димитров. Тито на сила не ги земал коските на Гоце Делчев да ги донесе во Скопје. Тоа се денови кога се сонува за нова федерација, најпрвин меѓу Југославија и Бугарија.

Она што не го знае Захариева или се прави дека не го знае и што нашите историчари го премолчија е името Александар Ранковиќ. Основачот на ОЗНА и УДБА во Југославија!

За него се знае дека беше изразен српски националист и личност против децентрализацијата и непријател на Македонците, Хрватите Словенците. Интересно е тоа што прв пат афера со нелегално прислушкување се појавува во негово време! Односно го обвинуваат Ранковиќ дека го прислушкува Јосип Броз Тито и тој е разрешен во 1966 година со тој скандал.

После него започнува пролет на нациите во Југославија и уставот од 1974 им дава поголема слобода на Републиките. Се подигат споменици на Гоце, Јане и останатите, а Крушевската Република станува национална инспирација, се внесува во учебниците и ВМРО исто како и Социјалдемократите.

Но, прашањето не е кој е Ранковиќ, туку кој всушност ја направи аферата со прислушкувањето и каков бран на Македонско-национално осамосознавање и идентификација се појавува после него?

Захариева има право да одговори прва!