strumica denes logo

ИНТЕРВЈУ НА СТРУМИЦА ДЕНЕС СО ВЛАТЧЕ ПЕТРОВСКИ: ЦЕЛТА НА PULSE FITNESS & SPA Е ДА ГО ПРОМЕНИ НЕАКТИВНИОТ ЖИВОТ ШТО ГО ВОДАТ ГОЛЕМ БРОЈ СТРУМИЧАНИ!

Автор:

Датум:

октомври 25, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 25, 2020

Категории:

Струмица

Интервју со Влатче Петровски, фитнес тренер во PULSE FITNESS & SPA:

Кога почнавте и што најмногу Ве мотивира да почнете да се занимавате со овој вид спорт?
– Уште од најрана возраст се занимавам со повеќе видови на спорт, од 7 годишна возраст со пливање, а од 10 до 23 г. со кошарка. На 21 години прв пат почнав да се занимавам темелно со фитнесот. Под фитнес подразбирам совршен спој од здрав начин на живот и балансиран режим на исхрана. Тој е одлична можност за одржување на здравјето на телото и духот. За мене претставува стил на живот, кој доведува до одлична форма, здравје и привлечен изглед. Она што ме мотивираше се придобивките кои ги дава овој спорт – покрај посакуваниот физички изглед, меѓу најважните се здравствените придобивки.

Под поимот фитнес, се поздрабира и здрава исхрана. Дали може едно без друго?
– Како што напоменав, фитнесот е комбинација од редовна физичка активност и здрав, балансиран начин на исхрана. Одлично би било доколку се практикуваат двете навики. За повеќето, тешко е да се направи целосен пресврт во нивниот животен стил, доколку тој претходно бил прилично пасивен и навиките за исхрана биле нездрави, но на почетокот е доволно да се започне со умерена физичка активност. За почеток е доволно да се тренира 3-4 пати неделно, со тоа ќе се стекне една здрава навика, ќе ја поткрене менталната дисциплина на ново ниво, а сето тоа на долгорочен план ќе резултира со позивитен и здрав начин на живот.

Денешниот живот е многу брз и стресен, а воздухот ни е меѓу најзагадените во светот. Според тоа, дали е доволно да се потпреме само на здравата храна или ни се неопхподни и други суплементи во секојдневието?
– Суплементите (додатоците во исхрана) кои ги користат сите професионални спортисти, се до семејните луѓе, претставуваат одличен извор за внес на различни хранливи состојки, кои не може да ги конзумираме преку исхраната, а имаме потреба од нив. Спортските суплементи не штетат на човековото здравје, ниту пак имаат нус појави, доколку се конзумираат во препорачаната доза, но во никој случај не се замена за храна, туку само додаток во секојдневната исхрана.

Работите како професионален и персонален фитнес тренер. Колку се нашите граѓани заинтересирани за ваков вид активност и кој повеќе Ве ангажира, мажи или жени?
– Во последните неколку години, можам да приметам дека се зголемува интересот за фитнесот и здравиот начин на живот, па според тоа оние кои започнуваат да се занимаваат со тоа имаат потреба и желба да бидат водени од стручно лице. Сметам дека при започнување со физичка активност во еден фитнес центар, најмувањето на персонален тренер е многу паметна и исплатлива инвестиција. Тренирањето со личен тренер влева многу поголема мотивација, желба и труд кај вежбачот. Со тоа се заштедува многу време, финансии и енергија, и се добива многу поорганизиран и поквалитетен тренинг, а поставените цели и резултати се постигнуваат на многу побрз и поефикасен начин. Би рекол дека интересот е подеднаков кај двата пола, но јас лично имам повеќе персонални тренинзи со жени.

Во светот, веќе и да не се среќава музичка или филмска ѕвезда која нема личен фитнес тренер. Каква е состојбата на ова поле со нашите јавни личности и дали Ве ангажираат?
– Фитнесот е популарен спорт насекаде во светот, а најчесто е фаворизиран меѓу светските ѕвезди од секое поле. Во денешно време е модерно да се изгледа убаво, да се носи модерно парче облека, односно да се биде фит. Сите познати личности имаат свои персонални фитнес тренери, консултанти со кои се во постојана комуникација. Па дури и професионалните спортисти не се без свој тренер, бидејќи секогаш има некој кој знае повеќе од нас и од кого може повеќе да научиме. Да, сум бил ангажиран од јавни личности и ме радува тоа што и тие се стремат кон еден здрав начин на живот, бидејќи поради популарноста и позицијата која ја имаат во општеството, треба да се пример за тоа како една личност треба да изгледа и да се носи.

Дали е безбедно и препорачливо да се вежба во фитнес центар за време на пандемија?
– Да, препорачливо е да се вежба бидејќи го подобрува расположението, го намалува стресот и секако најбитно го зајакнува имунитетот. За безбедноста ќе ја земам Англија како пример, каде има 1300 теретани, преку 8 милиони посетители, а само 17 позитивни, тоа кажува дека одлично се справува со ситуацијата, и докажува дека теретаните се безбедно место за спортување. Фитнес центарот во кој работам ги има преземено сите мерки за безбедност на клиентите и персоналот, преку постојано дезинфицирање на справите и реквизитите за работа, држење на пропишаната дистанца, па се до мерење на температура на секој клиент при влез во фитнес центарот .

Зошто се определи да бидеш дел од тимот на Pulse Fitness?
– Пред се, среќен сум тоа што и Македонија доби еден ваков врвен фитнес центар, со докажан квалитет на ниво на светските фитнес центри кој нуди одлични услови за работа. Најмногу ме исполнува тоа што сум дел од тимот на Pulsе во Струмица, кој за мене претставува голем предизвик и задоволство, пред се поради тоа што го работам тоа што го сакам – да бидам во можност да помогнам на клиентите да ги остварат своите цели. Целта на тимот, и моја лична е да го промениме неактивниот живот што го водат поголем број на Струмичани, да ги поттикнеме да тренираат редовно и да бидат активни во беспрекорни услови и квалитет.