strumica denes logo

Донација на заштитни маски и скафандери за Здравствен дом – Струмица!

Автор:

Датум:

септември 30, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

септември 30, 2020

Категории:

Струмица

Хероите на 2020 се исправаат пред нов предизвик – есенскиот втор бран на КОВИД 19 пандемијата. Желбата да се поздрави досегашниот напор на здравствените работници, но и да се поддржи здравствениот сектор онаму каде им е најпотребно, беше мотивација за Еуромакс Ресоурцис да донира заштитна опрема – маски и скафандери за здравствените работници во Здравствениот дом – Струмица.

Во комуникација меѓу директорката на ЈЗУ Здравствен дом – Струмица, Љубица Митева и претставници на Еуромакс Ресоурцес во изминатиот период се прецизираа кои се моменталните приоритети за медицинските лица. Се покажа дека високо на листата е и безбедноста и заштитата на здравствените работници за навреме и квалитетно да можат одговорат на потребите на оние на кој им се најпотребни – пациентите.

Директорката Митева се заблагодари на донацијата.

„Денес, во услови на економска криза предизвикана од пандемијата КОВИД – 19, компанијата Еуромакс Рисорцис ја покажа својата хуманост и солидарност преку спонзорство на стоки за лична заштитна опрема (маски и скафандери) за потребите на ЈЗУ Здравствен дом Струмица. Донацијата на лична заштитна опрема е во интерес на јавното здравје и здравјето на здравствените работници, во спроведување на мерките за спречување на ширењето и сузбивање на корона вирусот. Вредност на донацијата е 5.000 евра. Од мое лично име и од името на сите вработени изразувам голема благодарност до компанијата за несебичната поддршка со донацијата“, вели директорката на ЈЗУ Здравствен дом – Струмица, Љубица Митева.

За Еуромакс Ресоурцес оваа донација е уште еден чекор во насока на поддршка на институциите во Струмица, а како што дообјасни Живко Груевски, директор за корпоративни комуникации, на неа гледаат како на почеток на идна соработка.

“Веруваме дека оваа опрема која е неопходна за секојдневното функционирање на Здравствениот центар во Струмица ќе овозможи и подобра здравствена заштита за населението. За Еуромакс Ресоурцес ова е почеток што отвора можности за понатамошни активности кои треба да придонесат за подобрување на севкупното живеење во Струмица и во околината. Како инвеститори мотивирани сме да градиме партнерски однос со локалната заедница и со взаемна поддршка да го развиваме тој однос. Дел од нашите вработени живеат тука, во Струмица и околината и природно е да тука ја насочиме и нашата поддршка како корпоративно одговорна компанија“, изјави Живко Груевски, директор за комуникации и односи со јавност во Еуромакс Ресоурцес.

Еуромакс Ресоурцес, инвеститорот на мега проектот „Рудник на можности“ опстојува на определбата Иловица – Штука да биде модерен рударски комплекс, изграден и управуван согласно највисоките европски и светски стандарди. Комплексот во првите години во изградба и подоцна ќе вработи околу 1000 лица, од кои половина ќе бидат директно вработени во рудникот кога ќе почне со работа. Преку соработници и снабдувачи ќе се ангажираат дополнителни 2700 лица. Досега во Проектот се инвестирани повеќе од 50 милиони евра, а за првата фаза на изградба предвидени се околу 340 милиони евра. „Рудникот на можности “ ќе придонесе за зголемување на бруто домашниот производ за 3% на годишно ниво и ќе се квалификува во првите ТОП 3 извозни компании од Република Северна Македонија.