strumica denes logo

ЧОКО КОРПИЧКИ: РЕЦЕПТ СО НЕОДОЛИВ ВКУС, ГОТОВ ЗА ПОЛОВИНА ЧАС!

Автор:

Датум:

септември 27, 2020

Категории:

Рецепти

Автор:

Датум:

септември 27, 2020

Категории:

Рецепти

Совршена комбинација на чоколадо, кекси, кикирики и банана. Десерт за чија подготовка ќе ви треба само половина час. Веруваме дека сево ова доволен предизвик да ги направите овие преслатки полнети чоко корпички уште денес.

Состојки:

  • 50 гр темно чоколадо (за готвење)
  • 50 гр млечно чоколадо
  • 1/2 шолја мелени кекси
  • 2 лажици растопен путер
  • 1 шолја путер од кикирики
  • 1 лажица шеќер во прав
  • банани (исечкани на кругчиња)

Инструкции:

  1. Растопете пола доза од чоколадото. Во секоја модла (корпичка) ставете по една лажичка. Корпичките потоа одата во фрижидер 15 минути за чоколадото да се стегне.
  2. Во меѓувреме измешајте го шеќерот во прав со путерот од кикирики. Во друга чинија измешајте го стопениот путер со измелените кекси.
  3. Извадете ги корпичките од фрижидер. Врз стегнатото чоколадо ставате пола лажичка од филот со кекси, а потоа и пола лажичка од филот со кикирики и едно кругче банана.
  4. Секоја корпичка потоа повторно прелијте ја со чоколадо. Полнетите корпички одат на ладење уште 15 минути, а потоа се спремни за дегустација.