Осумнаесет годишната Александра Атанасова од општина Ново Село деновиве ја сподели нејзината прва радост на социјалните мрежи. Станува збор за романот ,,Зборовите на тишината” за чијашто промоција сé уште не се знае точниот датум поради ситуацијата со корона вирусот. Но, таа оптимистички гледа на работите и се надева дека во најбрз временски период таа ќе го промовира својот прв роман заедно со нејзината прва соло изложба (слики на платно).
За себе таа вели дека е пресреќна што го исполнила нејзиниот најголем сон во животот, и е многу благодарна на сите кои беа дел од процесот на издавање а посебна благодарност упати до нејзиниот рецензент Владе Ефтимов. Честитки Александра!