strumica denes logo

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА РЕАГИРАШЕ: ГИ ОТФРЛАМ ИЗНЕСЕНИТЕ ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ НА ОРЦЕ ЃОРГИЕВСКИ!

Автор:

Датум:

јуни 28, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 28, 2020

Категории:

Струмица

Реакција, по повод денешната прес-конференцијата на Орце Ѓоргиевски, член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ

Почитувани граѓани,

Како Градоначалник на општина Струмица најостро ги отфрлам изнесените лаги и манипулации на денешната прес-конференција, со која за партиски цели се прави обид да се стави дамка врз работата на општина Струмица.

Сите постапки за јавни набавки кои се спроведени од моментот кога сум избран за Градоначалник до денес, се спроведени транспарентно, со постапка која обезбедува конкуренција меѓу економските оператори, со еднаков третман на економските оператори, и целосно почитување на начелата за рационално и ефикасно користење на средствата на Општина Струмица.

Во Општина Струмица работат само градежните фирми кои ќе понудат најниска цена за изведба, независно од партиската припадност на нивните сопственици. Сите склучени договори за набавки се јавно објавени и сите граѓани можат да ги погледнат на интернет страната на Бирото за јавни набавки. Сите исплатени финансиски средства по основ на завршени договори се исто така јавно објавени и истите можат да ги следат на веб страната Отворени финансии. Токму поради овие причини нема потреба од манипулации, лаги и деструкција.

Наводите во прес-конференција на лицето Орце Ѓоргиевски се невистинити, не одговараат на фактичката состојба, и со истите се обидува да се нанесе штета на честа и угледот на Општина Струмица. Поради овие причини, го повикувам лицето Орце Ѓоргиевски, во рок од 48 часа, јавно да се извини за изнесените лаги и невистини. Во спротивно, Општина Струмица ќе поднесе тужба против споменатото лице, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Економскиот оператор “Дикор ЦД” кој e споменат на прес-конференцијата, ниту има добиено 70 јавни набавки, ниту пак нивната вредност е 61.000.000 денари. Лажна вест се и објавените информации дека Општина Струмица во февруари и во април оваа година склучила договори со оваа фирма во вредност од 16.000.000 денари.

Ги информирам граѓаните дека “Дикор ЦД” во 2020 година има добиено една набавка за крпење на ударни дупки, а во 2019 година една набавка за асфалтирање на улици. Вкупната вредност на реализирани финансиски средства по основ на овие договори е 3.000.000 денари. Наведената информација е јавно објавена и достапна на увид на сите граѓани на порталот Отворени финансии.

Го повикувам и погореспоменатото лице, да си ја спроведува сопствената предизборна кампања без да нанесува штета на честа и угледот на Општина Струмица.

Општина Струмица и понатаму ќе продолжи да го почитува начелото на еднаков третман на економските оператори, независно од нивната политичка припадност, вклучително и кретириумот најниска цена.