strumica denes logo

(ВИДЕО) ИНТЕРВЈУ СО СТРУМИЧАНЕЦОТ ТРАЈЧЕ ГОГОВ: СО МОЈОТ НОВ АЛБУМ „ГЕНОМ“ ЦЕЛТА МИ Е ДА ГИ ПОКАЖАМ СИТЕ МОИ СПОСОБНОСТИ КОИ ГИ СТЕКНАВ СО НАПОРНА РАБОТА!

Автор:

Датум:

јуни 26, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 26, 2020

Категории:

Струмица

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Трајче Гогов-Ген, едно твое кратко претставување за оние кои не те познаваат?

ТРАЈЧЕ ГОГОВ: Поздрав до вашите читатели! Јас сум Трајче Гогов, роден во Nordrhein-Westfalen но корените на цела моја фамилија се во Македонија, Струмица. Ја имав и јас таа среќа школувањето да го поминам во Струмица, тие дефинитивно се најубавите сеќавања од мојот живот. Таму се роди и мојата љубов кон музиката. Денес, веќе 14 години живеам во Берн и работам напорно на самиот себе.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што претставува името ГЕНОМ во твојот албум?

ТРАЈЧЕ ГОГОВ: Геном е тоталитетот на сите гени што се содржани во комплетен сет на хромозоми. Парабола на моите песни кои сите заедно создаваат еден Геном.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: На каков јазик ќе бидат песните во твојот нов албум?

ТРАЈЧЕ ГОГОВ: Секако дека на македонски! Иако зборувам германски, француски и англиски, уште на самиот почеток беше за мене јасно дека музиката ќе ја посветам на мојот мајчин јазик!

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Денес беше објавена твојата прва песна од албумот Геном, нешто накратко за неа?

ТРАЈЧЕ ГОГОВ: Ова е нешто што досега го немало на нашата сцена. Албумот ќе се состои од повеќе Genre на музиката. Само така можам на името Геном да го дадам вистинското значење. Целта е да ги покажам сите мои страни како артист и нормално да ги покажам моите способности кои ги стекнав со напорна работа.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Кога и како се случи првиот допир со хип хоп\рап музиката?

ТРАЈЧЕ ГОГОВ: Првиот допир беше уште кога бев четврто одделение. Снимав вокали на касети и ги склопував со инструментали. Тогаш беше само тоа еден вид на занимација. Кога ја напуштивме Македонија, ми се промени целиот живот. Минав низ доста тежок период во моите 13-14 години. Тогаш почнав секојдневно да работам на текстови додека слушав инструментали. Можам да кажам дека само тоа ми помогна да го издржам тешкиот почеток и направи да размислувам како возрасен човек.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Рече дека сам ги пишуваш текстовите. Каква порака стои позади нив?

ТРАЈЧЕ ГОГОВ: Многупати користам параболи. Обожавам да пишувам текстови со кои ја анимирам публиката да размислува понатаму. Честопати пишувам текстови кои опишуваат делови од моите искуства. Иста така имам многу текстови кои ги опишуваат луѓето околу мене и светот. Фантазијата е исто многу битен фактор и не смее да недостасува додека пишувам.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што би им препорачал на младите артисти?

ТРАЈЧЕ ГОГОВ: Ако имаш сон, следи го до крај! Биди свој артист и пронајди се самиот себе. Тоа е процес кој може да трае со години, но само така можеш да допреш до луѓето и да освоиш фанови. Не дозволувај неуспешните да ти ги срушат соновите. Неуспешните ти служат тебе и ти покажуваат каде се наоѓаат твоите слаби точки!