Во моментот еден од најискусниите македонски репрезентативци ќе има нов клуб во својата клупска кариера. Никола Ѓоргиев одлучи да ги брани боите на турската екипа на Инегол Беледиjeспор од сезоната 2020/2021.
– Многу сум среќен да објавам што се враќам назад во Турција. Толку возбуден да се биде дел од Инегол Беледијеспор и се надевам дека ќе имам уште една одлична сезона. Те сакам Турција, се гледаме наскоро – рече Ѓоргиев.
Претходно во Турција настапуваше за составот на Малије Мили Пијанго.
Играше уште за ЏИО Струмица, Раднички Крагуевац, Волеј Форли, Париз Волеј, Тореј Ероуз, ОНИКО Варшава, Осака Б. Сакаи и Фридрисхафен.
Со нашата најдобра селекција минатата година го освои 17 место на првото Европско првенство.