Секторот за внатрешни работи Струмица преку Отсекот за превенција во партнерство со ОО на Црвениот Крст Струмица, денес,06.06.2020 годин на повеќе локации во градот ( пазарот “чешел”, Градскиот парк и централното градско подрачје ) поделија околу 700 маски и 200 пара заштитни ракавици на граѓаните. Истовремено волонтерите од ОО на Црвениот крст на оние граѓани кои ќе пројавија интерес им мереа телесна температура. Целта на превентивната активност е подигање на свеста кај граѓаните за задолжително носење на заштитна маска и почитување на препораките на Владата. Ваквите превентивни активности ќе продолжат и во иднина.