strumica denes logo

СВР СТРУМИЦА СО АПЕЛ ДО СОПСТВЕНИЦИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ И МАРКЕТИ – ВИКЕНДОТ ЌЕ БИДАТ ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИТЕ И ЌЕ СЕ СЛЕДИ БУДНО СОСТОЈБАТА!

Автор:

Датум:

јуни 4, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 4, 2020

Категории:

Струмица

Секторот за внатрешни работи Струмица, упатува апел до сопствениците на угостителски објекти и сопствениците на маркети строго да ги почитуват прецизно утврдените протоколи за нивната работа донесени од Владата на Република Севрена Македонија, истовремено апелираме до сите граѓани да ги почитуваат одлуките на Владата за забрана на движењето и Уредбата со законска сила за задолжително носење на лична заштита на лицето, со единствена цел заштита и превенција од ширењето на Коронавирусот COVID-19. Во претстојниот период од страна на полициските службеници ќе бидат интензивирани контролите како самостојно така и во координација со Државниот пазарен инспекторат. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, доколку пак се утврди дека сторената активност има елементи на прекршок ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава против сторителот/те.

Граѓаните, можат да ги пријавуваат сите случаеви на лица кои ги прекршуваат одредбите на бесплатниот телефонски број 192.

СВР-Струмица будно ќе ја следи состојбата.