ПО ПОВОД 9 МАЈ ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ!
СВЕДОШТВО НА НИКОЛА СТОЕВ ЗА ВАСИЛ СУРЧЕВ:
Кога стигнавме во Фурка, Васил Сурчев беше со нарушено здравје. Затоа решивме во Фурка да се задржиме неколку денови. Но, бевме изненадени.. Една единица германци на враќање од Крит, по пребарување на местото на срушениот мост, тргна кон Фурка.
Решивме одредот да се повлече оттаму за да не настрада цело население. Бидејќи Васил Сурчев не беше во состојба да го продолжи патот, го оставивме во една куќа на лекување. Но, кога германците стигнале во селото, по наредба на нивниот командант се што имало во селото (старо и младо до еден) сите морале да излезат пред црквата. Со нив излегол и Васил Сурчев. Еден од германските офицери со пронајдената негова лична карта кај мостот го идентификувал и го извадил од стројот. Така, започнало неговото тешко измачување со ставање жица од едната страна на увото до другото, по што бил стрелан.
Пренесено од книгата:
СТРУМИЧКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД