Пишува Коста Солев Рацин.
,,Идеалот на великиот македонски борец и револуционер Гоце Делчев, денеска е идеал на најшироките македонски слоеви кои пишкајат под јаремот на фашистката окупација!
Ете зошто на денот от 39 годишнината од смртта на великиот македонски револуционер и апостол на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, комунистичката партија смело го издига неговото славно Илинденско знаме и ги кани под него како македонскиот така и другите народи во Македонија за извојување на слободна Македонија.
Таму во Софија во домот на фашиското дружество Илинден, стоји немо во една полумрачна стаја бистата на великанот Гоце Делчев под која е ковчегот со неговите земни стаци.
На ковчегот е закована метална плоча на која е издолбен завет до младите поколенија, да еден ден ги предадат коските на вечно бунтовниот револуционер на почивање кога ќе биде постигната слободна и независна Македонија.
Разбире се, фашистите кој ја издадова Гоцевата борба, који ја окупираја и оплачкаја Македонија и НЕ МИСЛАТ ДА ГО ИСПОЛНАТ ТОЈ ЗАВЕТ.
Гоцевите коски чекајат мир од исполнување на идеалот.
Напред на испл’нуење на тој завет и Слава на великиот македонски револуционер Гоце Делчев!“