Неформанлото (во постапка на регистрирање) Здружение на Трговци од Струмица ФЕР ЕСАП од Струмица ги штити интересите и правата на трговците од Струмица. Како такво во името на сите трговци а сега во името на трговците во ТЦ Глобал како основачи на оваа здружение го истакнуваме оваа:
И Т Н О Б А Р А Њ Е
Кое се надеваме дека ќе наиде на посебено разбирање и брз позитивен одговор заради намалување на негативните последици(од кризата со COVID-19) кој неминовно следат доколку се овде наведено не се свати сериозно и со посебно внимание.
Имено бараме:
ИТНО ДА СЕ ИЗЛЕЗЕ СО НОВ СЕТ НА ЕКОНОМСКИ МЕРКИ
Кој ќе ги опфатaт како посебна и најзагрозена група трговците од трговските центри кој со мерка на владата од 14-03-2020г. се затворени и не остваруваат никакви приходи а досегашните мерки не се решение затоа што никој од засегантите неможат да ги користат.
ЗАТОА ИТНО БАРАМЕ
1. Да се исплатат минимални бруто плати на сите вработени вклучително и управителите, од 15-03-2020г. па се до кога е важечка одлуката за затварање на моловите т.е се до кога не се повлече оваа мерка.
2. Да се доделат сразмерно на големината на секој трговец неповратни средства-грантови со кој ќе може да се санираат веќе направените штети.
3. Новите Мерките да не се условени со условите од досегашните мерки кои ниеден трговец неможе да ги исполни.
4. Укинување на исплатата на К-15 за оваа година.
5. Прогласување на статус на ВИША СИЛА за оваа посебна и најзагрозена група трговците од трговските центри со што овие правни субјекти ќе можаат согласно Законот за облигациони односи правилно да ги регулираат своите обврски кон банките, наемодавателите итн. Со што во периодот на виша сила ќе се замрзнат т.е нема да течат обврските затоа што поради виша сила т.е по ничија вина овиие субјекти не се во можност да ги подмират.
6. Поради доведување во статус на ВИША СИЛА со указ да им наложите на банките,наемодавачите и сл. дека за оваа посебна и најзагрозена група трговците од трговските центри за периодот до кога трае мерката забрана за работа обврските се гаснат како по член 126 од ЗОО.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Почитуван,
Здружението на трговци од Струмица ФЕР ЕСАП од Струмица се формира како иницијатива за нужен и неодповиклив спас од непосакуваните последици од кризата со корона вирусот и заштита на правата и интересите на трговците од Струмица. Имено самиот факт дека е прогласена вонредна состојба на територијата на целата држава, како и тоа што е прогласена пандемија а и одлуката на владата за затварање на моловите ги доведе трговците од моловите во статус на виша сила. Сите правни субјекти ја прекинаа работата со одлука со која прогласија прекин на работата поради виша сила. При тоа трпат штети од огромни размери од аспект на секој субјект пединечно. Свесни дека сите сме затечени со оваа состојба а и дека владата прави напори да се справи со овој глобален проблем стрпливо се чекаше да се излезе со мерки кој ќе ја ублажат оваа апокалиптична состојба. Но за жал во досегашните мерки тоа не се случи. Трговците од моловите кој се затворени со мерка на владата никако не се третирани. Имено во досегашниот сет на мерки ни еден трговец не може да користи ни една мерка поради тоа што неможе да ги исполни поставените услови. Сето тоа прави револт и паника кој резултира со превземање на чекори од овие трговци кој воопшто не се популарни ни за владата ни за нив самие ни за вработените. Овие чекори кој се направени како крајна нужда од безизлезот уште повеќе ќе ја продлабочат кризата и ќе го одолжат времето на заздравување. Се надеваме дека сериозно ќе земете во предвид се погоре кажаното и без одлужување час поскоро ќе излезете со погоре наведените мерки.
Со почит,
Здружение на трговци од Струмица ФЕР ЕСАП од Струмица