strumica denes logo

(ВИДЕО) СИТЕЛ: Малите трговци од Струмица бараат мерки кои вистински ќе им помогнат!

Автор:

Датум:

април 3, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 3, 2020

Категории:

Струмица

Малите трговци, самостојни претприемачи и дуќанџии од Струмица од кои најголемиот дел од ТЦ „Глобал“ бараат мерки од Владата кои според нив, реално ќе им помогнат во надминувањето на проблемите предизвикани од пандемијата со корона вирусот. Велат, досега предложените мерки се неприфатливи.

Наведуваат дека такви како што се предложени мерките ги ставаат во крајно тешка економска ситуација, а во себе содржеле и елементи на принуда и условување. Во суштина тие не претставувале никаква помош туку само пролонгирање на нивното пропаѓање. Бараат сите поволности по различни основи да се сметаат од 15 март ,а не само за месеците април и мај.

Да се издејствува замрзнување, односно мораториум на кредитите кои ги имаат без да биде пресметувана каматата во период кога нема да се плаќаат ратите, покривање на бруто платите за месеците март,април и мај ,односно се додека трае вонредната состојба.

„Бараме одложување на плаќање на сите тековни трошоци,како закупнини,струја ,вода, и слично ,за кои сметаме дека не се доволни само препораките на Владата,туку поголем степен на сигурност дека препораките ќе бидат испочитувани.

Целосната вест може да ја погледнете со кликнување на следниот ЛИНК
ИЗВОР: СИТЕЛ