Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Струмица ги известува граѓаните дека сите зелени пазари се отворени за продажба на земјоделски и прехранбени производи,
но со посебни услови за работа заради вонредните околности со Covid 19.
Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ врши постојана дезинфекција, а постави и редари за максимално почитување на посебните услови.
Тоа значи дека сите продавачи треба да носат заштитни маски и ракавици,
а истите заштитни мерки важат и за купувачите.