Граѓаните ќе можат за време на викендите да ги шетаат кучињата половина час од 20 до 20:30 часот, одлучи Владата.
Тие нема да смеат да се оддалечат од живеалиштето повеќе од 100 метри и да се групираат со други лица.
Владината одлука ја соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски на Твитер.
Одлуката следува по низата реакции од сопствениците на кучиња, невладините организации и Ветеринарната комора.