Околу пладне во средата, кантоналната полиција во Фрибург била известена за исчезнување на татко и син – Д.К (23) и Н.К (47). Во соработка со кантоналната полиција на Вауд, тие и двајцата се пронајдени мртви во вила во регионот на Вауд. Како што соопштуваат швајцарските и француските медиуми, тие се застрелани со пиштол. Уапсен е 30 годишен маж кој ја призна вината. При претрес пронајдено е и огнено оружје. Д.К (23) и Н.К (47) инаку се од струмичко Мокриево.
Како што пишуваат во една од групите на нашите иселеници, таткото и синот претходно од убиецот сакале да откупат трактор и му дале капар за истиот. Неколку дена подоцна тие му се јавиле за да го земат тракторот, но селанецот одбил. Откако таткото и синот отишле да си го земат дадениот капар, тие биле застрелани и потрупани во арско ѓубре.