strumica denes logo

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ДИЈАКОНИЈА МАКЕДОНИЈА, МИС СТОН ЦЕНТАР СТРУМИЦА – ЦЕНТАРОТ КОЈ ПРЕХРАНУВА 250 ЛУЃЕ ДНЕВНО ВО СТРУМИЧКО!

Автор:

Датум:

март 25, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

март 25, 2020

Категории:

Струмица

Известување
Хумани и во овие најтешки моменти

Поради ситуација со Корона вирусот Дијаконија Македонија, Мис Стон Центар – Струмица по препораките од владата воведе дополнителни заштитни мерки.

1. Проектот „Храна на тркала“ покрај досега постоечките заштитни мерки воведе и дополнителни мерки, се со цел заштита како на нашите корисници така и на нашите вработените.

Овој мега проект функционира скоро 20 години и никогаш до сега не бил прекинат ниту еден ден, без разлика на сите проблеми и предизвици што се случиле, па така и сега во оваа кризно и опасно време ние работиме со цел да им помогнеме на луѓето кои се сами, болни, инвалиди, немоќни… Транспортните возила во кои се дистрибуира храната целосно се дезинфицираат неколку пати дневно. Исто така дистрибутерите носат опрема како што се заштитни ракавици за една употреба, заштитни маски како и постојано користење на средство за дезинфекција после доставувањено на храна на секој наш корисник поединечно.

2. Проектот „Нега во твојот дом“ сега во оваа вонредна ситуација е од уште поголема важност за нашите корисници кои воедно се и ризичната група на граѓани од Корона вирусот.

Нивната работа продолжува за нега и грижа на корисниците во нивните домови со редовните посети, но исто така и во овој проект имаме зголемени мерки на претпазливост поради вирусот, па нашиот медицински тим е целосно опремен со медицински ракавици, маски, наочари, мантили, каљачи за обувки и слично, се со цел да не дојдеме до никаков физички контакт до самите корисници или предметите во просторијата.
3. И проектот во Радовиш продолжи со својата работа за да не би се оставиле луѓето без храна.

Нашите вработени покрај досегашната заштитна опрема и дезинфекција се додаде и дополнителна како што се ракавици, маски, наочари, мантили и слично.
Корисниците порано се собираа во група за делење на храната, но сега поради опасноста од Корона вирусот, овде во овој проект направиме големи промени во начинот на делењето на храната, односно донесовме одлука со која што секој корисник си доби точно определен термин кога треба да дојде за да ја зема храната со цел да не се создаде поголема група на луѓе кое секако не е препорачливо поради опасноста од зараза. Делењето на храната сега се врши на отворен простор односно надвор пред социјалниот пункт, па така немаме никаков физички контакт со самите корисници.

Лицата во овој проект задолжени за делењето на храната се со заштитна опрема како ракавици, маски, наочари, мантили и слично.
Покрај храната, корисниците секојдневно добиваат совети и препораки, како да се заштитуваат од Корона вирусот и доколку добијат некој симптоми на болеста, во никој случај да не се кријат, туку да се пријават во службите задолжени за тоа.

Со овие проекти секојдневно згрижуваме околу 250 луѓе. Бројка која за нас воопшто не е мала, затоа Ве замолуваме во овие тешки мигови заедно да помогнеме.

Донирајте прехрамбени продукти во просториите на Дијаконија Македонија, Мис Стон Центар – Струмица, на адреса: Стив Наумов, Бр: 86, Струмица, 034/551-250
или финансиски средства на:
Име: Евангелско – Методистичка Црква во РМ
Број на сметка: 250-0080004168-42
Даночен број: 4027998132290
Банка: Шпаркасе банка АД Скопје

За финансии од странство:
Name: Evangelsko – Metodisticka Crkva vo RM (Diaconia Macedonia)
Bank: SPARKASSE BANK MACEDONIA AD SKOPJE

Account 4715519

IBAN: MK07250008000416842

SWIFT INSBMK 22 in North Macedonia

Заедно можеме повеќе!