strumica denes logo

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: КАФУЛИЊАТА, РЕСТОРАНИТЕ, КАЗИНАТА И ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ ДА СЕ ЗАТВОРАТ ВО 18:00 ЧАСОТ!

Автор:

Датум:

март 12, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

март 12, 2020

Категории:

Струмица

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска соопшти дека одлучиле кафеаните, кафулињата, рестораните, обложувалниците и казината да се затворат во 18 часот, со цел да нема собирање на поголем број луѓе на исто место, каде шансите да се пренесе вирусот Ковид-19 е поголемо.

Препораката е и да работат со преполовен капацитет, за да има дистанца од 1,5 до 2 метри меѓу гостите.

Со оглед на тоа што кафулињата се полни и преку ден, министерот вели дека останува на нашата свест да одлучиме дали ќе ги посетуваме овие места или не. Тој како пример ја посочи Италија каде е воведено нешто како полициски час, па се контролира кој кога и каде излегува.

„Не сакаме да стигнеме до таму, но овие мерки треба да се почитуваат“, рече Филипче.

Во однос на тоа дека цената на маските за заштита во аптеките е неколкушати зголемена, па се продаваат по 30 денари, тој рече дека се следи пазарот, и дека има информации дека увозните цени се поголеми.

„Не е прифатливо цената да се зголемува за 20 или 30 пати. Сега и увозните цени им се зголемија, па ќе се направи аналаиза и ќе се утврди дали треба некој да биде санкциониран“, рече Филипче.(Б.Б)