strumica denes logo

АЛЕКСАНДАР БОЈАЏИСКИ: ПОЧЕТОК НА ВАНДАЛИЗАМ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

февруари 24, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

февруари 24, 2020

Категории:

Струмица

Викендов, за жал, се отвори сезоната на демолирање на плоштадот „Гоце Делчев” во Струмица.

Се’ ова што го гледате на фотографиите се случи изминатиов викенд во Струмица. Е сега, зошто овие „дрва“ кога ќе се напијат некоја чашка повеќе имаат потреба да демолираат се’ пред себе, тоа е поголемо од мене за да го разберам… Тоа се искомплексирани болни копилиња, барем според мене. Треба сериозно да не ти е добро за ова да го правиш.

Воедно беше и демолиран влезот на новоотворениот клуб „Industrial” кој се наоѓа во Н.У.Ц.К “Антон Панов”. Нема врска. Не се први т.е далеко се од први, но да се надеваме дека ќе бидат последни уништувачи на јавните добра.

За поздравување е исто така брзата реакција на градоначалникот Коста Јаневски за осудување на сторителите.

Драг градоначалниче, штетата е утврдена од надлежните но само ја фотографирале за доказ. Не ја вратиле клупата на вистинското место. До 14:00 часот клупата беше обрнета, па заедно со мојот колега ја вративме таму каде што припаѓа за една минута.

Мислам дека општина Струмица треба да се занимава со поважни работи.

Поставете 10 камери на плоштадот и околу, малку желба и се’ ќе биде решено преку ноќ.

Ниту градоначалникот и советниците ќе се замараат со вакви глупости, ниту пак полицијата ќе троши ресурси за пронаоѓање на овие сторители со методи од 19 век, а и ние медиумите имаме попаметни теми за работа.

Доаѓа лето, знаеме дека и ова ќе биде како и минатите, ќе се стартуваат коли на плоштадот, ќе се возат мотори, плоштадот ќе се користи како паркинг пред вратите на клубовите, ќе се демолира полека, полека, викенд за викенд…

Дали ова лето ќе биде исто како и сите минати или нешто конечно ќе се промени, останува да го видиме последниот збор на надлежните. Ова е само едно мало кокиче, еден мал предвесник на тоа што ќе се случува ова лето…

P.s Пола градски парк е демолиран. Пола Струмица. Нема ни да престане вандализмот додека не се постават камери и добро да се санкционираат сторителите…