strumica denes logo

АМБАСАДОРКАТА НА ОБИДИНЕТОТО КРАЛСТВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И СЕВЕРНА ИРСКА, ВО ПОСЕТА НА СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

февруари 20, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

февруари 20, 2020

Категории:

Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј и нејзините соработници. На средбата на којашто присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и секретарот на Општината Александар Оџаков, се разговараше на повеќе актуелни теми, се презентираа капацитетите и можностите за развој на општина Струмица, а заеднички беше потврдена заложбата за унапредување на соработката во повеќе области.